fbpx

Побегна од дома, Дејан го роди на 15: Познатата пејачка крие голема тајна

Контроверзната пејачка која последниве години стана заштитно лице на повеќе српски реални шоуа крие голема тајна

Зорица Марковиќ во интервјуата гордо истакнува дека пораснала во Косјериќ и никогаш не го криела семејното потекло.

Една новинарска екипа неодамна одлучи да го посети нејзиното родно место. Мештаните појаснија дека Марковиќ е родена во селото Тубиќи кое се наоѓа недалеку од нивната општина.

Медиумите ја посетија нејзината семејна куќа, а на истиот имот и денеска живее нејзиниот брат Милан со фамилијата. Тој и неговиот син не биле расположени за разговор.

Новинарите од соседите дознале дека Милојко, првиот сопруг на пејачката, починал пред речиси 13 години. Тие биле препратени во соседното село каде тој живеел и каде израснал нивниот син Дејан.

Пејачката која е актуелна по учеството во „Задруга“, наводно го оставила Милојко да се грижи за детето за да ѝ се посвети на кариерата, но за неа имале само пофални зборови.

Друга соговорничка објаснила како дошло до тоа Дејан да остане со татка си.

„Зорица и Милојко почнаа да се забавуваат кога таа беше многу млада. Побегна од дома за да биде со него, во тоа време познат локален хармоникаш. Се земаа и го роди Дејан на 15 години. Беше прва година гимназија. Врската кратко им траеше, таа сакаше да напредува во кариерата. Милојко одби да замине со неа, мораше да се грижи и за неговите. Тогаш се договорија синот да остане дома. Редовно им праќаше пари, на некој начин да го надополни пропуштеното време со Дејан“, открила истата соговорничка.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ѓубре! Ја уби мајка ми, па се јави од затвор: Ќерката на Слободанка (48) со детали за монструмот

Монструмот ја уби мајка ми, па се јави од затвор да ни соопшти. Ѓубре едно! Само два дена пред злосторството мама ми прати говорна порака дека ќе се самоубие, бидејќи не може да живее со него.. Со овие потресни зборови, својата исповед ја почнува Надица Метушев, ќерка на брутално убиената […]