fbpx

Ѓубре! Ја уби мајка ми, па се јави од затвор: Ќерката на Слободанка (48) со детали за монструмот

Монструмот ја уби мајка ми, па се јави од затвор да ни соопшти. Ѓубре едно! Само два дена пред злосторството мама ми прати говорна порака дека ќе се самоубие, бидејќи не може да живее со него..

Со овие потресни зборови, својата исповед ја почнува Надица Метушев, ќерка на брутално убиената Слободанка Метушев.

Оваа 48-годишна жена во петокот ја закла нејзиниот две години постар невенчан сопруг Стеван Ш. во прифатниот центар за мигранти во Капотера, Италија.

„Ја уби мајка ми, тој е монструм! Потоа мртов ладен се јавил кај својата мајка во Србија за да ѝ соопшти дека е во затвор и дека си ја убил жената. Тогаш неговата мајка ги побарала брат ми и сестра ми, пред тие да ми ја соопштат болната вистина“, раскажува неутешната ќерка на убиената Слободанка.

Вели дека прво не можела да поверува во тоа што го слуша, а подоцна и на вестите слушнала дека некоја жена е ликвидирана во Италија, пред да дознае дека всушност се работи за нејзината мајка.

Надица открива дека добила говорна порака од мајка си на само два дена пред трагедијата: „Ќе се самоубијам, не можам повеќе вака да живеам“. Била уплашена и молела да ѝ купи билет за Франција каде што живее, за да побегне од мажот.

„Ѝ реков дека ќе направам се’ што можам за да ја заштитам и дека в недела ќе ѝ ја пратам картата, но ете не дочека. Не можам да поверувам дека ја уби човек со кого пет години се забавуваше. Веројатно Стеван дознал дека мајка ми планира да го напушти, па му проработела суетата“, низ солзи раскажува Надица.

Последен пат во живо, мајка си ја видела на 10 август. Уште тогаш забележала дека нешто не е во ред со неа, дека често е нерасположена, но и дека мобилниот не го испуштала од раце, дури и кога одела во тоалет. Знаела дека нешто крие, но ни на сон не претпоставувала дека нејзиниот родител всушност си има работа со класичен психопат.

Како што јавија италијанските медиуми, по жестока расправија Стеван прво ја удрил сопругата Слободанка, а потоа посегнал по нож и ѝ нанел смртни повреди по целото тело. Убиецот првично побегнал од местото на злосторството криејќи се во локалната црква. Кога полицијата го пронашла, бил седнат на скалите пред храмот, се’ уште држејќи го крвавото оружје во рацете.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Еве зошто денешниот ден (11.11) е најмоќниот во годината: Направете го ова!

Астролозите велат дека денешниот датум е неверојатно моќен и истиот е погоден за остварување на соништата Броевите во нумерологијата носат уникатни и моќни вибрации, а 11 се смета за главен број во нумерологијата. До толку е моќен, што се смета за особено среќен датум. Доминантната енергија од четири единици и […]