fbpx

Мартин имаше срце како планина: Летај со ангелите, најмил наш!

Уште еден живот прерано згасна

Македонија тагува по Мартин Костов, младото момче кое загина во сообраќајна несреќа во Слиема, на Малта.

Неговото семејство вчера повика на донации со цел побрзо собирање на средства за транспорт на телото во Македонија.

Во меѓувреме, почесниот конзулат на Малта во Mакедонија информираше дека стапил во контакт со роднините на загинатиот и им било ветено оти конузлатот ќе обезбеди сѐ што е потребно за враќање на телото на младиот Мартин.

На социјалните мрежи постојано се споделуваат трогателни посвети за него.

„Не постојат зборови за утеха! Не постои збор за да се искаже толку голема болка. Не постојат солзи кои можат да те исплачат. Не постои човек кој не жали. Загубивме човек со ведар дух! Загубивме човек со срце како планина! Загубивме човек со вечна насмевка на неговото лице! Загубивме пријател на сите генерации! ЗАГУБИВМЕ МЛАД ЧОВЕК! Траорни и болни моменти до најдлабоките делови од човечката свест. Летај со ангелите најмил наш! Нека Бог ти даде вечен мир во Неговото царство! ПОЧИВАЈ ВО МИР ПРИЈАТЕЛЕ!“, е една од поемотивните објави.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Естрадата во шок: Познатиот музичар почина во својот дом, фановите неутешни

Ја загуби битката со болеста Почина британскиот гитарист и еден од основачите на култната панк-рок група „Клеш“. Кит Левен (65) кој боледуваше од рак на црниот дроб, се упокои во својот дом во Норфолк, пренесе „Гардијан“. Неговата партнерка, Кејт Рансфорд, која ги поминала последните часови со него, на медиумите им […]