fbpx

Намерно завршил во затвор да го убие цимерот: Мотивот ги расплакал и чуварите

Американецот Шејн Голдсби намерно украл полициски автомобил и се судрил со претставниците на јавниот ред и мир.

Имал добро разработена стратегија да биде осуден и на крај да заврши во истиот затвор и во истата ќелија во која се наоѓал во тоа време 70-годишниот Роберт Мунгер.

Голдсби веднаш се фатил за работа.

Смртно го претепал Мунгер, а кога чуварите стигнале на местото на злосторството тој држел нож и повторувал една иста реченица: „Ѓубрето е мртво“. Веднаш бил спроведен во самица.

Неколку часа подоцна, повеќето вработени во затворот Airway Heighs Correction Center дури пуштиле и солза откако го дознале мотивот за убиството.

„Шејн Голдсби не можеше да ја премолчи вистината дека неговата помлада сестра е силувана. Откако конечно дознал дека за нејзиното, но и за уште седум други силувања е виновен Мунгер, знаел дека тој човек, иако веќе зад решетки, не смее повеќе да живее и по цена да ја жртвува сопствената слобода. Кога го однесовме во самица, ни ја раскажа приказната и нагласи дека конечно го пронашол мирот“, им открил на новинарите еден од чуварите во затворот, признавајќи дека и самиот се расплакал по она што го слушнал.

На судењето за убиството на Мунгер, Голдсби се извинил на неговото семејство.

„Можам да замислам како сега сите се чувствувате и колку ме мразите. Ве разбирам и ви се извинувам. Многу ми е жал што останавте без него. Но, тој на една девојка која повеќе не смее да излезе надвор ѝ го уништи животот. Јас не можев да поминам покрај тоа. Со неа пораснав, а тој ја уби во неа секоја желба за насмевка и за радост со неговиот монструозен чин“, изјавил тој на судењето.

Фото: Келсо Полис Департмент

Следни Објави

Гоце одбележа 49 години брак: Син му Гоце е негова копија, ќерка му е права дама (ФОТО)

Легендарниот Гоце Тодоровски пред неколку години се пензионира, па сега сѐ повеќе време поминува со семејството. Омилениот актер од „Македонски народни приказни“ деновиве одбележа 49 години брак со сопругата Тања. Плод на нивната љубов се ќерката Сашенка и синот Гоце крстен по својот славен татко. Фото: Фејсбук-страница Ѓорѓи Колозов Тодоровски […]