fbpx

Ќерка ми секој ден прашува за него: По смртта на сопругот нашата пејачка е неутешна

Велат дека времето лечи сѐ, но не е така, вели таа

Маја Саздановска-Лилчиќ (36) е една од најталентираните македонски вокалистки, постојан придружен вокал на Калиопи, но низ годините и на многу други пејачи. Сними и неколку свои песни, а повозрасните ја паметат и по детската хит-серија „Во светот на бајките“ каде го позајмува гласот за насловната нумера.

Саздановска веќе неколку години е вработена во Македонската опера и балет, а во меѓувреме се’ повеќе внимание му посветува и на своето хоби – шминкањето.

Пејачката пред повеќе од пет години се соочи со голема семејна трагедија кога го изгуби својот животен партнер Саша, само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.

„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката. Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра, снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне – своевремено раскажа Маја за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Маја лани по подолго време се појави на ТВ-екраните и ги изненади сите.

Таа беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ каде воодушеви со својата фигура. Дури ниту водителката Елена Стефановска не очекуваше дека пејачката ќе се појави во нејзиното шоу непрепознатлива.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Оваа пејачка во „Гранд“ го воодушеви регионот: Вака изгледала како момче (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите во регионот по саботната премиера на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Очекувано, најмногу внимание привлече Алина Јухарт, првата трансродова жена која се појави на овој подиум. „Понекогаш дури и заборавам дека сум нешто поинакво. Едноставно, толку ја живеам својата женственост што понекогаш заборавам”, признава младата надежна пејачка. Родена […]