fbpx

Оваа пејачка во „Гранд“ го воодушеви регионот: Вака изгледала како момче (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите во регионот по саботната премиера на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Очекувано, најмногу внимание привлече Алина Јухарт, првата трансродова жена која се појави на овој подиум.

„Понекогаш дури и заборавам дека сум нешто поинакво. Едноставно, толку ја живеам својата женственост што понекогаш заборавам”, признава младата надежна пејачка.

Родена е како Алино Јухарт и потекнува од Марибор, Словенија. На публиката ѝ се претстави со песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Те лажам“ на групата „Амадеус“. Ментор во понатамошното натпреварување ќе ѝ биде Цеца.

Многумина би помислиле дека Алина има правено естески корекции, но таа нагласува дека никогаш не била под нож.

„Нема ништо вештачко на мене. Сакам да бидам природна, да имам природна боја на коса. Не осудувам, мислам дека секоја личност може да прави се’ што ќе посака со сопственото тело“, смета таа.

Алина сега изгледа како вистинска дама, а како изгледала порано можете да погледнете во продолжение.

Што мислите за оваа трансформација? Пишете ни во коментар!

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шок! Почина познатата музичарка на 42 години, потресни зборови од брат ѝ

Тажна вест, уште еден живот прерано згасна Семејството ја потврди тажната вест, ова е голема загуба за индустријата, коментираат фановите. На 42-годишна возраст почина Џенет Слек, позната диџејка и продуцентка од Хонгконг. Најголемата популарност ја стекна на почетокот на милениумов на лондонската музичка сцена. Нејзиниот брат Тревор ѝ се обрати […]