fbpx

Нашиот драг пријател го загуби животот: Ова е момчето кое загина во Скопје (ФОТО)

Трагедија денеска ја потресе македонската јавност

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани во правец кон Тетово.

Возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти-А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“, потврдија од МВР.

Неколку часа по нресреќата познат е и идентитетот на загинатиот. Станува збор за професионалниот велосипедист Арбр Шаќири.

„Со длабока жалост ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил удри двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) кои се движеа од Тетово. Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на велосипедскиот клуб Феникс од Тетово, Арбер Шаќири. Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и роднините“, напишаа на „Фејсбук“ од велосипедскиот клуб „Феникс“.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Беше пресреќен, ама судбината до тука била: Потресно сведоштво за починатиот Мартин Костов

Татко му е починат, а мајка му не е добра со здравјето Телото на Мартин Костов од Чешиново, момчето кое минатиот вторник загина во сообраќајна несреќа на Малта, в сабота конечно ќе биде донесено во Македонија. Од аеродромот во Скопје ќе биде однесено дирекно во капелата во Кочани, а вечерта […]