fbpx

Татко ми се самоуби: Познатиот пејач доживеа семејна трагедија, една работа нема никогаш да си ја прости

Емотивна исповед во која раскажа се’

Бојан Маровиќ првпат проговори за семејната трагедија, за загубата со која, како што вели, никогаш не успеа да се помири.

Познатиот црногорски пејач кој често гостуваше и кај нас, имаше само 16 години кога неговиот татко Дарко се самоуби.

„Не стигнав да му кажам толку многу работи. Тоа никогаш нема да си го простам. Моите родители ме добиле доста млади, па во тие моменти не останав само без татко, туку изгубив и пријател“, ја почнува Маровиќ својата исповед.

Пејачот првпат јавно призна дека неговиот татко се самоубил.

„Знам дека тоа било миг на слабост, знам дека тој тоа не го планирал. Сите имаме „жолти минути“ кога ни е смачено од се’. Кога го погребавме, таму некаде со него замина и еден дел од мене. Никогаш не се помирив. Лажат дека времето ги лекува раните. Многупати одев на неговиот гроб за да му раскажам што ме мачи. На почетокот се прашував зошто мораше тоа да го направи, но со текот на годините сфатив дека едноставно така требало да биде. Некој би го обвинил Бог, но тоа е недопистливо. Ништо не укажуваше на најлошото, дека мојот татко ќе крене рака на себе. Никогаш! Затоа и ни дојде како гром од ведро небо кога се случи трагедијата“, објаснува Бојан.

По смртта на татко му, пејачот признава дека многу се поврзал со мајка си.

Во едно друго интервју минатата година призна дека по немилиот настан често бил депресивен. Пресуден момент да го промени животот од корен бил оној кога се разбудил со прамени коса во рацете.

„Тогаш ѝ се јавив на мајка ми. Немав повеќе пари и не знаев што понатаму. Се разбира, таа ми помогна да застанам на нозе. Тогаш ја сменив фризурата и одлучив да продолжам по новиот пат. Да работам само онака како што мислам дека треба“, искрено раскажа.

По подолга пауза, тој повторно ѝ се врати на музиката. Во меѓувреме се обиде и како претприемач откако стана партнер во голема фирма која се занимава со увоз на мермер и гранит.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нашиот драг пријател го загуби животот: Ова е момчето кое загина во Скопје (ФОТО)

Трагедија денеска ја потресе македонската јавност Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани во правец кон Тетово. Возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти-А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди […]