fbpx

Беше пресреќен, ама судбината до тука била: Потресно сведоштво за починатиот Мартин Костов

Татко му е починат, а мајка му не е добра со здравјето

Телото на Мартин Костов од Чешиново, момчето кое минатиот вторник загина во сообраќајна несреќа на Малта, в сабота конечно ќе биде донесено во Македонија.

Од аеродромот во Скопје ќе биде однесено дирекно во капелата во Кочани, а вечерта ќе биде пренесено во неговиот дом во Чешиново. Погребот е в недела.

Ова го потврдија Иван и Драган, браќата на загинатиот.

Како што велат во потресното сведоштво за порталот ММС, тие од минатиот вторник се ниту на небо ниту на земја.

„Ние сме тројца браќа. Иван е најстар, потоа е Мартин, а јас сум најмал. Родени сме на по две години. Иван има 34, Мартин имаше 32, а јас имам 30. Мартин работеше тука келнер во рибник, и само што замина за Малта за подобар и посреќен живот, но не ете се врати. Околу 25 дена беше на Малта. Првите пет-шест дена немаше работа, а потоа почна да работи исто како и тука, келнер. Ни се јави и беше пресреќен, дека ете конечно ќе почне да печали. Мартин беше голем оптимист, секогаш насмеан. По се што се случува во државава, живот нема тука, така да ќе бараме излез во странство и ние. Ете Мартин беше нјахрабар од семејството, прв да тргне, нему му се укажа прилика. Требаше и Иван да замине ама ете што се случи сега“, раскажува Драган.

Тие биле шокирани кога минатиот вторник се јавила сопругата на другарот на Мартин од Малта да им каже дека загинал. Особено мајка им, која и без оваа трагедија била со нарушено здравје.

„Татко ми е починат, а мајка ми не е добра со здравјето. Ова сега што се случи уште повеќе ја потресе. Беше навистина шок кога дознавме, не можевме да си дојдеме на себе. На мајка ми прво и удрија инекција, па потоа кажавме што се случило со Мартин. А планот му беше да остане, да заработува. Кога стаса ни каже дека е презадоволен, дека тргнал на работа, му се допаднало. Навистина се пронајде. Ама судбината до тука била“, вели Драган за порталот ММС.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Се греете со инвертер клими? Не е сè така розово, внимавајте на ова!

Многумина се прашуваат како би можеле да ги загреат домовите на поекономичен начин Еден од најпопуларните извори на топлина во становите се’ уште е електричната енергија. Постојат многу типови на електрични грејни тела, но тие главно трошат премногу енергија. Се чини дека клима уредите се едно од најдобрите решенија кога […]