fbpx

Мислел дека сè е во ред, па од увото му излегло ОВА: Ми се преврте желудникот (ВИДЕО)

Неговото видео предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

Младо момче ја вознемири јавноста со својот несекојдневен потег.

Елис Лојд Џонс (24) одлучил преку интернет да си купи „апаратче“ за чистење уши. И тоа не било какво, туку специјален уред со вградена камера кој точно ве предупредува до каде можете да допрете длабински без да го оштетите ушниот канал.

Во неговиот случај камерата, пред вообичаениот церумен, открила дека во ушниот канал има нешто што не би требало да биде таму.

Своето „откритие“ го сподели на „Тик Ток“, а видеото го погледнаа над шест милиони луѓе и речиси сите се згрозени од тоа што имаа прилика да го видат.

Камерата покажала дека освен вообичаените маснотии, во каналот има и нешто што наликува на хартија. Со малку труд, ова момче успеало да го извлече „страното тело“ и дури тогаш следувал шок!

Во ушите имал налепница за посебна сорта на јаболка (гала), а која ја немал конзумирано со години, практично од дете.

@metropolesoficial

Ao limpar ouvido, homem encontra #objeto inusitado perdido há anos. O vídeo de Ellis Lloyd Jones, 24 anos, viralizou nas redes sociais, com usuários perplexos com a descoberta de um #adesivo de maçã no ouvido. #TiktokNotícias

♬ som original – Metrópoles Oficial

„Ве предупредувам, тоа што ќе го погледнете е одвратно“, вели Елис на видеото кое го објави.

„Ваква јаболка не сум јадел со години, така да ова којзнае од кога ми е заглавено во ушите“, коментира тој.

Неговата снимка предизвика хит-реакции на глобалната мрежа.

„Бегај бе, ми се преврте желудникот“, напиша еден од неговите следбеници.

Фото: Принтскрин/Тик Ток

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Доаѓа голем и тежок празник: Во понеделник направете го ова!

Православните христијани на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Прв меѓу […]