fbpx

Безбедносни камери снимија силуета над крстот: Луѓето се уверени дека се „покажал“ Исус (ВИДЕО)

Недалеку од хрватскиот град Лабин, кај местото Скитача, безбедносните камери камери снимија навистина интересна појава

Облаците над врвот Орлиќ, инаку познато место кое редовно го посетуваат верници, накратко формираа силуета која предизвика големо внимание во јавноста, откако неколкумина прокоментираа дека истата ги асоцира на ликот на Исус Христос.

Снимката стана вирална, а многумина се прашуваа за што се работи и дали за ова постои научно објаснување.

Набргу следуваше појаснување. Како што се наведува, комбинацијата на прекршување на сончевата светлина и капките дожд на камерата заедно со испарувањето на водата од бетонскиот крст ја создале оваа неверојатна сцена која траела цели 15 минути.

Како изгледа овој феномен, погледнете во продолжение!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Холивуд во шок! Се самоуби познатиот актер откако сопругата го остави

Имаше само 49 години Во Тексас се самоуби актерот Џејсон Дејвид Френк, кај публиката ширум светот најпознат по улогата во серијата „Моќните ренџери“. Како што пренесуваат странските медиуми, неговата сопруга пред неколку месеци поднела барање за развод по 19 години брак, а како причина го навела неверството на својот славен […]