fbpx

Холивуд во шок! Се самоуби познатиот актер откако сопругата го остави

Имаше само 49 години

Во Тексас се самоуби актерот Џејсон Дејвид Френк, кај публиката ширум светот најпознат по улогата во серијата „Моќните ренџери“.

Како што пренесуваат странските медиуми, неговата сопруга пред неколку месеци поднела барање за развод по 19 години брак, а како причина го навела неверството на својот славен маж.

„Ве молиме да ја почитувате приватноста на неговото семејство и на неговите пријатели во овие ужасни моменти додека се помириме со загубата на едно такво прекрасно човечко битие. Тој премногу си ја сакаше фамилијата, беше одличен пријател, а фановите ги обожаваше. На сите ќе ни недостасува“, изјави неговата портпаролка.

Френк фотографиран неколку месеци пред да се самоубие

Актерот позади себе остави четири деца-синовите Хантер и Џејкоб и ќерките Скаи и Џена.

Фото: Принтскрин Јутјуб/ Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се омажи за актер од кого собираше постери: Најубавите години ги помина со мажи кои не ја сакаа (ФОТО)

Кејти Холмс е од оние холивудски актерки кои секогаш привлекуваат внимание со својот младешки изглед, иако во декември наполни 43 години.  Стана популарна во 1998 година со серијата „Светот на Досон“ кога уште беше тинејџерка, а светски позната откако почна да се забавува со нејзината детска љубов, холивудскиот актер Том […]