fbpx

Мислела дека има ковид: Почина холивудската актерка, фановите во шок

Прерано замина, имаше само 47 години

Почина Ники Ајкокс, ѕвездата од научнофантастичната хит-серија „Натприродно“ (Supernatural).

На славната актерка која се прослави како Мег Мастерс, во 2020 година ѝ беше дијагностицирана леукемија.

Своите следбеници на „Инстаграм“ секојдневно ги информираше за здравствената состојба, за хемотерапиите и за позитивниот став со кој се обидуваше да ѝ пркоси на болеста.

„Многу се разболев и мислев дека имам ковид, но работите се искомплицираа. Завршив в болница пред да ја дознаам страшната дијагноза“, напиша Ники лани во март кога им ја откри на фановите лошата вест.

Освен во Supernatural, таа имаше забележителни улоги и во Dark Angel, Jeepers Creepers 2 и Providence.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонски ученик исмејуван поради парче леб: Трогателна исповед на наставничката Габи

17.11.2022, дата која ќе ја паметам цел живот.. Голем одмор.. Учениците јадат, си разговараат, се смеат.. Наеднаш еден ученик извикува: „Наставничке види го..“ Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво.. Оффф ГОСПОДИ, немам […]