fbpx

Денеска сите болни треба да се молат на овие светци: Се верува дека исцелуваат

Да се помолиме

Македонската православна црква и нејзините верници денска го одбележуваат денот на Светите апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј.

Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар.

Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут. Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи во Иконија.

Првиот подоцна отиде на Крф, каде го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос, а Терциј пострада маченички во Иконија. Последниов го запиша Посланието на свети апостол Павле до Римјаните.

Следни Објави

Граѓани добија помали сметки за струја: Заштедиле на многу едноставен начин, еве како!

Овие луѓе го имаат рецептот за штедење Во услови кога цените растат, а платите остануваат исти или мининално се зголемуваат, многу македонски граѓани секојдневно трагаат по корисни информации како поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да заштедат. Дури и самата Влада под слоганот „Штедиме заедно денес […]