fbpx

Граѓани добија помали сметки за струја: Заштедиле на многу едноставен начин, еве како!

Овие луѓе го имаат рецептот за штедење

Во услови кога цените растат, а платите остануваат исти или мининално се зголемуваат, многу македонски граѓани секојдневно трагаат по корисни информации како поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да заштедат.

Дури и самата Влада под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, пред неколку дена почна преку информативно едукативни активности да ги мотивира граѓаните да штедат струја.

„Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка“, неодамна ни појасни владиниот портпарол Душко Арсовски.

Енергетската криза е топ-тема во целиот регион. Српски „Курир“ интервјуираше повеќе граѓани кои објаснија како успеале да добијат помали сметки за струја, па нивните совети може и тоа како да ви бидат од корист.

„Пералната ни работи само навечер, бојлерот го палиме исклучиво навечер, штедливите сијалици ни се константа“, вели еден жител на Сремска Митровица.

Друг граѓанин, пак, објаснува дека не променил ништо особено во навиките, освен што приклучил гас, а ја исклучил струјата.

Фото: Курир ТВ

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се омажила со чичко ѝ, па се случило нешто неверојатно: Ова го нема ни на филм (ФОТО)

Својата сопруга првпат ја видел кога била бебе. Тој тогаш имал 23 години Оваа двојка навидум изгледа како секое нормално семејство, но речиси секојдневно се соочува со негативни коментари од роднините поради својот брак. Клаус и Џозефин се роднини и тоа не далечни. Тој ѝ е чичко, брат на нејзиниот […]