fbpx

Дете почина пред очите на родителите: Ново потресно сведоштво за македонското здравство

Скоро секој ден слушам неверојатни стории од луѓе кои бараат помош затоа што системот е нефункционален, но оваа што ја слушнав денес не ми дава да заспијам.

Дете со акутна миелоидна леукемија после првата терапија паѓа во кома и мора итно во просторија за реанимација.

Во едниот лифт не го собира креветот, другиот не работи. Медицинскиот тим бара друг помал кревет кој ќе го собере во другиот лифт, во меѓувреме детето умира.. И сето ова се случува пред очите на родителите.

Поради вакви случаи заминуваат луѓето од оваа држава. Заминуваат затоа што полицијата не ги штити, здравството не може да ги лечи, а судството дели неправда.

Дајте почнете со изградба на клиничкиот центар веќе!!! Доста со политички инаети кои што не чинат човечки животи.

Дајте им можност на оние малкумина чесни лекари што ни останаа да работат во нормални услови.

Знаете ли колку се важни тие 3 минути за тешко болно дете?

Немојте бре луѓе, аман немојте си играте барем со здравството.

Фејсбук-статус на Фуркан Салију, новинар

Илустрација: Принтскрин СителТВ

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Порасна без татко, има два вонбрачни сина, се ожени пред да умре со 20 години помладата Емилија: Тозовац живееше како на филм

Легендарниот интерпретатор на народна музика, Предраг Живковиќ-Тозовац, почина лани во април од последици на Ковид-19 на 85-годишна возраст. Исклучително блиска со Тозовац беше славната пејачка Мерима Његомир која проговори за неговите последни денови. „Ми се пожали дека му е досадно, дека гледа во една точка и дека не знае дали […]