fbpx

Порасна без татко, има два вонбрачни сина, се ожени пред да умре со 20 години помладата Емилија: Тозовац живееше како на филм

Легендарниот интерпретатор на народна музика, Предраг Живковиќ-Тозовац, почина лани во април од последици на Ковид-19 на 85-годишна возраст.

Исклучително блиска со Тозовац беше славната пејачка Мерима Његомир која проговори за неговите последни денови.

„Ми се пожали дека му е досадно, дека гледа во една точка и дека не знае дали воопшто ќе го пуштат да излезе од болница. Говореше чисто, мислев дека ќе ја добие оваа битка. Тој ми е венчален кум, како брат ми е и многу сум тажна“, изјави по неговата смрт пејачката која почина од рак само неколку месеци подоцна.

Пред да биде хоспитализиран, Тозовац во една прилика нагласи дека коронавирусот е нешто страшно кое не’ затекна, но и дека бил сведок на многу полоши работи кои се неспоредливи со ова.

„Окупацијата во 1941 беше големо зло. И тогаш имаше полициски час, не смеевте да се појавите на улица. Роден сум во Краљево, а тој град беше еден од најпогодените во Србија. Јас сум едно од тие деца сирачиња. Татко ми го стрелаа и тоа се страшни сеќавања“, раскажа Тозовац.

Легендарниот пејач кој позади себе остави бројни безвременски рефрени, за медиумите беше интересен и со приватниот живот.

На почетокот на годинава конечно се ожени со својата 20 години помлада партнерка Емилија Мима со која четири децении беше во врска.

Ова беше втор брак за него, а првпат се оженил кога имал само 20 години и таа заедница бргу се распаднала.

„Не знам ништо за таа жена, живее со семејството во Америка. Бев многу млад и погрешив во изборот“, изјави Тозовац во едно интервју.

Тозовац речиси никогаш не ја разреши мистеријата со неговите два вонбрачни сина. Јавноста малку знае за наследниците на пејачот кои не присуствуваа на неговиот погреб.

„Пријател на Тозовац во неврзан муабет раскажа дека еден од синовите живее во Америка и дека разбирливо е што не можел да дојде, додека пак со другиот син никогаш не бил во контакт, па затоа и не се знае каде тој моментално живее“, раскажа еден фан на пејачот за српски „Ало“ кој инсистирал да остане анонимен.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Судијка во долна облека се појави на рочиште: Запали цигара, сите се прашуваат дали е нормална (ВИДЕО)

Видеото кое трае 33 секунди масовно се споделува Против неа е поднесена официјална пријава и иницирана е истрага, по што дисциплинска комисија одлучи да ја суспендира од работа до средината на февруари Колумбиската судијка Хајди Вивијан Поланија Франко е суспендирана на три месеци откако се појави полугола оптегната в кревет […]