fbpx

Судијка во долна облека се појави на рочиште: Запали цигара, сите се прашуваат дали е нормална (ВИДЕО)

Видеото кое трае 33 секунди масовно се споделува

Против неа е поднесена официјална пријава и иницирана е истрага, по што дисциплинска комисија одлучи да ја суспендира од работа до средината на февруари

Колумбиската судијка Хајди Вивијан Поланија Франко е суспендирана на три месеци откако се појави полугола оптегната в кревет и пушеше цигара на судско рочиште кое се одржа преку платформата „Зум“.

Иако таа ја исклучи камерата на својот лаптоп, откако еден од учесниците на сослушувањето ја предупреди дека ѝ се гледа долната облека, веќе беше доцна.

Контроверзното видео од 33 секунди стана вирално. Надлежните се сомневаат дека Хајди најверојатно била пијана за време на бизарното сослушување.

Против неа е поднесена официјална пријава и иницирана е истрага, по што дисциплинска комисија одлучи да ја суспендира од работа до средината на февруари.

„Нема оправдание за ваковото поведение. Таа ги има сите услови да се подготви за јавна расправа во својот дом. Кон својата професија треба да се однесува со респект“, појаснуваат членовите на комисијата.

Вивијан, која се школувала на приватен католички универзитет и доаѓа од градот Кукута близу границата со Венецуела, допрва ќе треба да се објаснува. Таа еднаш веќе се најде на осуда од јавноста, две години пред овој инцидент. Тогаш се замери со критичарите кои ја нападнаа поради нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои гордо позира во танга, покажувајќи ги мускулите, тетоважите и задникот.

„Со нејзиното однесување ги омаловажува институциите кои се борат за праведен систем, а кои таа всушност ги застапува“, напишаа тогаш медиумите.

Таа не им остана должна, па им врати дека ќе продолжи да постира храбри слики на својот инстаграм-профил.

„Јас сум жена без градник и со отворен ум! Што ќе облечам е моја одлука и апсолутно немам намера да се менувам или пак некому да му се додворувам“, им порача таа.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагична судбина: Горан (34) ненадејно почина, неговата мајка умре од тага три дена подоцна

Семејна трагедија каква што не се памети Соседите имаат само пофални зборови за починатиот Горан Во австралискиот град Кубер Пиди се случила голема трагедија кога Елизабета Илиќ го пронашла телото на својот 34-годишен син и починала три дена подоцна. Како што пишува локалниот весник Coober Pedy Regional Times, Горан Илиќ, […]