fbpx

Трагична судбина: Горан (34) ненадејно почина, неговата мајка умре од тага три дена подоцна

Семејна трагедија каква што не се памети

Соседите имаат само пофални зборови за починатиот Горан

Во австралискиот град Кубер Пиди се случила голема трагедија кога Елизабета Илиќ го пронашла телото на својот 34-годишен син и починала три дена подоцна.

Како што пишува локалниот весник Coober Pedy Regional Times, Горан Илиќ, маж со српско потекло, починал на 12 ноември. Бил омилен жител во малото рударско гратче во Јужна Австралија кое брои 2.000 жители.

„Имаше природен шарм, беше добро воспитан и пристоен“, изјавиле неговите соседи.

Причината за смртта не била соопштена.

Само три дена подоцна, нова тажна вест ги потресла мештаните.

„Во раните утрински саати, мајка му на Горан се разбудила со болка во градите и ги повикала пријателите да ѝ помогнат. Веднаш била повикана брза помош, но умрела во болница неколку часа подоцна. Елизабета Илиќ веќе имала проблеми со срцето и се верува дека починала од удар предизвикан од прераната смрт на нејзиниот син“, заклучиле соседите.

Илустрација: Профимедија

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Каков срам! Полицајка орално задоволува колега

Нови детали од се*с аферата која минатиот месец ги шокира сите Преку ден носела униформа, навечер наплаќала 1.000 евра за интимни задоволства. Нова мега-афера го потресе српското министерство за внатрешни работи. Во ноември беше уапсена 27-годишна полицајка на своето работно место поради сомнение за проституција, а подоцна беше пуштена да […]