fbpx

Ги чувате кутиите и влошките од јајца? Престанете веднаш! Под итно фрлете ги!

Повторната употреба на амбалажа во поголемиот број случаи е идеална идеја, како за зачувување на животната средина, така и за вашиот паричник.

Сепак, кога се во прашање влошките и кутиите за јајца, приказната е поинаква и по нивната употреба треба да се ослободите од нив во истиот миг.

Експертите велат дека проблемот е во картонот од којшто се направени, а кој не може да се чисти и мие и затоа е често контаминиран со бактерии. Тие, исто така, препорачуваат добро миење на рацете по секој допир со јајца и нивната амбалажа.

За да спречите вкрстена контаминација на храна, избегнувајте да ги ставате јајцата и амбалажата од јајца на чиста работна површина. Кога ќе ги скршите, задолжително обратете внимание содржината во јајцето да не дојде во допир со надворешната страна од лушпата.

Важно е да знаете и дека целиот прибор, садовите и работната површина кои биле во контакт со јајце или со амбалажа за јајца мора темелно да ги исчистите.

Празното пакување веднаш фрлете го!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Знам дека се насмевнува од рајот: Естрадата во шок, почина познатата пејачка која живееше за фановите

Нова тажна вест денеска го потресе светскиот шоубизнис На 63-годишна возраст почина славната американска пејачка и актерка Ајрин Кара, која се прослави со насловните теми од легендарните филмски остварувања Flashdance и Fame. Трагедијата ја потврди и нејзината портпаролка Џудит Мус. Таа откри дека починала во семејниот дом во Флорида, но […]