fbpx

Почина дедо му, нов шок на погребот: Внукот го носи крстот, вакво нешто одамна не сте виделе

Едно момче се соочило со исклучително бизарна ситуација.

На погребот на својот дедо го ставиле на чело на поворката, а луѓето гласно коментирале дека вакво нешто одамна немале видено.

Имено, момчето е крстено по дедо му, па присутните се шокирале кога сфатиле дека крстот што го носи е всушност со неговото име и презиме.

„Умре дедо ми чие име го носам, татко на татко ми, и семејството одлучи јас да го носам крстот. И така, завршив на чело на поворката со крст на кој се испишани моето име и презиме. Не ми беше сеедно, се наежив“, напиша тој на „Твитер“.

Корисниците на оваа социјална мрежа велат дека не се работи за изолиран случај и дека многу внуци го добиле името на своите дедовци, па веројатно и тие се соочиле со ваква ситуација.

„Не е сеедно кога ќе си го видиш името на крст. Сепак, на истиот најчесто е испишана и годината на раѓање, па тешко дека некој ќе се збуни“, на шега искоментирала една девојка.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија во шок по однесувањето на ова девојче: Се снимала за „Тик Ток“, со тешки повреди заврши в болница

Инцидент во Маџари, 17-годишна девојка итно донесена во ургентниот центар Македонските медиуми информираат за несреќен случај на железничката станица. Тинејџерка со изгореници по грбот и по нозете била итно префрлена во ургентниот центар, откако добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз. Според последните информации, таа е во […]