fbpx

Ова е страшно! На жена ѝ „експлодира“ главата за време на операција (ВИДЕО)

Директорот на болницата соопшти дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево извлекувале отров од стомакот на пациентката

Средовечна жена загина во болничкиот кревет откако се случила експлозија во нејзината уста за време на перење на желудник.

Шила Деви (40) од Индија била хоспитализирана откако испила непознат отров во мај 2019 година. За време на зафатот дошло до бурна хемиска реакција, на жената ѝ „експлодирала“ главата, а безбедносната камера го архивирала чадот кој се издигнува над постелата.

Директорот на болницата соопшти дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево извлекувале отров од стомакот на пациентката.

„Постои можност да зела таблети со алуминиум фосфат кој ослободува фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се лесно запаливи во контакт со желудочната киселина и влагата во воздухот“, појасни тој и нагласи дека вакво нешто никогаш не било забележано во историјата на медицината и дека неопходни се дополнителни истражувања.

Шефот на локалната полициска станица откри дека Шила била пронајдена во бессознание во близина на едно село и дека извештајот на патолозите покажал присуство во телото на недефиниран токсин.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекувано! Високи казни за убиството на Денис, една работа ги шокира осудените

Дали правдата е задоволена? Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски казни обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк, објави „Телма“. Анџело Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна во која се засметува времето поминато […]