fbpx

Неочекувано! Високи казни за убиството на Денис, една работа ги шокира осудените

Дали правдата е задоволена?

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски казни обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк, објави „Телма“.

Анџело Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор.

Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години во која се засметува времето поминато во притвор.

Андреј Костовски е осуден на 16 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор.

За случајот без одржани десет рочишта, а процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Она што ги шокира присутните е што судот исто така им наложи на осудените на родителите на Тот да им платат износ од по 9 милиони денари, а на неговиот брат сума од 8 милиони денари во рок од шест месеци по пресудата.

„Имајќи предвид дека оштетениот паднал на асфалтот и бил удиран од страна на обвинетите додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривично дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица“, посочи обвинителката Трајчевска.

Следни Објави

Огнен ја праша кога ја изгубила невиноста: Нејзиниот одговор ги изненади сите

Публиката остана шокирана, водителот ѝ порача дека лаже Во „Ами Џи шоу“ познатата водителка Јована Јеремиќ одлучи да проговори за својот интимен живот. Домаќинот ја праша кога ја изгубила невиноста, на што таа му одговори дека имала 23 и пол години. Во прв момент многумина во публиката помислија дека се […]