Светот е во шок по смртта на познатиот кантри-пејач, имаше само 37 години
Во сон, само неколку часа по сопствената свадба, почина музичарот Џејк Флинт.
„Не разбирам. Како луѓето воопшто преживуваат ваква болка? Денес требаше заедно да ги гледаме фотографиите од најважниот ден за нас, а наместо тоа, сега барам што да облечам за погребот на мојот маж. Срцето ми пука, не можам ова да го издржам“, напиша неговата сопруга во емотивното обраќање на „Фејсбук“.
Причината за смртта на Флинт се’ уште не е позната. Неговиот долгогодишен менаџер, Клиф Дојал, на медиумите им изјави дека Џејк не бил само клиент, туку и прекрасен пријател и човек.
„Сите го сакавме. Беше вистински амбасадор на Red Dirt музиката“, нагласи тој.
Флинт живееше во Талса, а порасна во Холденвил. Оклахома изгуби голем музичар. На сцената се проби со албумот I’m Not Okay во 2016 година, а потоа објави уште три носачи на звук.
Фото: Фејсбук/Инстаграм
*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.