fbpx

Дваесет години услуга под достоинство: Соња има важна порака до приватните „автобусџии“

Статус со кој скопјани апсолутно се согласуваат

Автобусџии!!! Кој ви дава право да помислите да блокирате цел град? Од каде „мангупи“, силата за такво нешто? А одговорност ќе понесете ли за штетите?

Дваесет години не` возите во валкани автобуси со услуга под достоинството. Зиме студени, лете врели, внатре ечи турбо-фолк.

Возачите пушат во автобуси, се караат со патници, јадат бурек, поиминуваат на пруги на спуштена рампа, во село лазат како полжави, на булевари летаат, едно време дури и се тркаа со автобусите на ЈСП по улици!!!

Додека наплаќавте билети застанувавте како такси, каде ви се крене рака. Кога почнавте да добивате пари по километар, понекогаш не застанувавте ни на станици!

Срамота сте и вие, исто како онаа кокана.

Никому не му е гајле за граѓаните. Дека стааа Нашоземјанци. Никому. Бљак.

Фејсбук-статус на Соња Христовска Угриновска

Фото: Принтскрин/Телма ТВ

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Важно! Ако скенирате сметки, ова мора да го направите

Последна информација за оние граѓани кои скенираат фискални сметки Сите го очекуваат долгонајавуваното зголемување на лимитот кој го најави директорката на Управата за јавни приходи. Првиот човек на УЈП, Сања Лукаревска, истакна дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати и дека очекувано е најпопуларна владина мерка, па сега […]