fbpx

Ми заспа в раце, срцето престана да ѝ чука: Почина познатата инфлуенсерка, потресно сведоштво на мајка ѝ

Нема утеха

Само неколку дена откако со своите следбеници на „Инстаграм“ го сподели искуството со нарушувањето во исхраната, популарната инфлуенсерка Јоси Мариа (24) почина од анорексија.

Долго се борела со оваа болест, а за време на нејзиниот одмор на Канарските острови, заспала во прегратката на својата пријателка и повеќе не се разбудила.

– Не сакам да бидам една од оние кои ќе умрат на таков начин. Анорексијата не е само физичкиот изглед, таа е во главата. Не секогаш се работи за тоа да бидете слаби, туку станува збор за самоконтрола. Тешка е борбата против неа, да качите килограми и повторно да ја пронајдете убавината на животот – напиша оваа популарна млада Германка пред две години, неколку часа пред да почине.

Фановите, бројните пријатели, а пред се’ семејството се’ уште не можат да ја прифатат загубата.

– Срцето ме боли. Ден пред да умреш те држев во раце. Драга Јоси, бевме во шопинг и се радувавме дека доаѓа Божик. Следната вечер мирно заспа во рацете на твојата пријателка. Твоето срце само престана да чука – напиша мајката на починатата инфлуенсерка на годишнината од смртта.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Црно за среќа: Една од најследените Македонки направи уникатен роденден (ФОТО)

Инфлуенсерката Агнеса Органџиева го прослави 39-от роденден на висока нога. Забавата се одржа во една скопска кафеана, а познатата Македонка и за оваа пригода се одлучи за храбар и впечатлив аутфит, баш онака како што сме навикнати да ја гледаме. „Агнеса, една и единствена“, беше испишано на огромното пано пред […]