fbpx

Ќеркичката му има само две години: Потресно сведоштво за починатиот македонски пејач

Македонската јавност пред еден месец со неверување ја прими веста за смртта на 42-годишниот македонски пејач и музичар Виктор Барбутов.

Блиски луѓе на вокалистот на групата „Амајлија“ беа во шок, особено што Виктор, како што кажаа, немал никакви здравствени проблеми.

Порталот „ММС“ стапи во контакт со естрадниот уметник Мики Ѓоргиоски, пријател и најблизок соработник на Барбутов во последните две децении.

„Се скина дел од мене, во шок сме и не сакаме да поверуваме дека него веќе го нема. Дека повеќе нема да запее со неговиот бисерен глас. Млад, здрав, ниту пушеше, ниту пиеше алкохол. Се’ се случило одеднаш. Претпоставувам мозочен удар, од она што кусо го прозборев со неговата сопруга, бидејќи таа не беше во можност да зборува“, раскажа Мики за „ММС“.

Последен пат се слушнале два дена пред трагедијата.

„Не се жалеше на ништо. Отиде еден дел од нашата „Амајлија“, ни отиде неговиот бисерен глас. Постојано ми се јавуваат, ми пишуваат и младенци, на чии свадби сме свиреле и сме им донеле радост. Сите се во шок. А беше прекрасен сопруг и татко, ќеркичката негова има само две години“, откри Мики.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Од стечаен работник до лото-милионерка: Која е жената од Кичево која доби седумка?

Доста Андоноска од Кичево е жената која ја освои премијата од над половина милион евра, откри Државна лотарија на својата официјална фејсбук-страна. Андоноска која најблиските ја знаат како Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба. „Нашата добитничка дојде во просториите на […]