fbpx

Од стечаен работник до лото-милионерка: Која е жената од Кичево која доби седумка?

Доста Андоноска од Кичево е жената која ја освои премијата од над половина милион евра, откри Државна лотарија на својата официјална фејсбук-страна.

Андоноска која најблиските ја знаат како Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.

„Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката“, информираат од Државна лотарија.

Баба Доста на сите им порачува дека за да добијат, мора да се полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добијат. Како што вели, таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри.

Фото: Фејсбук/Државна лотарија

Следни Објави

Вечна му слава! Македонија тагува, почина еден од најдобрите лекари кај нас

Тажна вест Вчера во 90-тата година од животот почина еден од најдобрите лекари педијатри во Кавадарци, примариус д-р Киро Китев. Д-р Китев е роден во Кавадарци во 1932 година, завршил основно образование и прогимназија во Кавадарци, а средно медицинско училиште во Загреб во 1950 година. По завршувањето на училиштето извесно […]