fbpx

Беше посебен, огромна загуба! Ненадејно почина Марјан Јанев

Новинар, поет, борец за правата на лицата со оштетен вид

На 60 години, вчера во Струмица ненадејно почина новинарот Марјан Јанев.

Својот професионален ангажман го оствари во Македонското радио, во најголем дел во Трета програма, до заминувањето во предвремената пензија.

Зад него стојат бројни прилози посветени на актуелни општествени теми, во кои до израз доаѓаше неговата новинарска оригиналност во однос на третманот на темите и стилот на пишувањето. Како вљубеник во пишаниот збор, тој зад себе остави и една книга со поезија.

Јанев посебно се ангажираше и во Сојузот на слепите на Македонија за подобрување на општетсвената положба на лицата со оштетен вид. Тој беше пионер во употребата на компјутерска технологија за користењето на Брајовото писмо. Како резултат на неговиот ангажман во 2007 година, дојде до изработка на посебни компјутерски програм, од страна на „Семос“ и тогашниот весник „Дневник“, со кои на лицата со оштетен вид им беше овозможено да користат компјутери.

Роден е во Струмица на 20 февруари 1962 година. Своето основно и средно образование го доби во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје и во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Со висок успех и на восхит на своите колеги, но и на професорскиот кадар, Јанев ги заврши Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Следни Објави

Тага! Почина познатата актерка, ја загуби битката со ракот

Холивуд ѝ сврте грб, поради една работа сите се однесуваа како да не ја познаваат НА 71-годишна возраст почина американската актерка Кирсти Ели која се прослави во серијата „Кафулето На здравје“. Таа ја загуби битката со ракот. Нејзиното семејство не откри за каков канцер станува збор, само кажа дека неодамна […]