fbpx

Тага! Почина познатата актерка, ја загуби битката со ракот

Холивуд ѝ сврте грб, поради една работа сите се однесуваа како да не ја познаваат

НА 71-годишна возраст почина американската актерка Кирсти Ели која се прослави во серијата „Кафулето На здравје“.

Таа ја загуби битката со ракот. Нејзиното семејство не откри за каков канцер станува збор, само кажа дека неодамна ѝ бил откриен.

„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба“, напишаа нејзините деца на социјалните мрежи.

Бројни холивудски ѕвезди ѝ одадоа почит, меѓу нив и славниот Џон Траволта со кого глумеше во филмскиот серијал „Види кој зборува“.

„Со Кирсти ја имав една од најспецифичните врски во животот. Те сакам Кирсти, знам дека повторно ќе се видиме“, напиша Траволта.

Ели беше позната „одметничка“ во светот на познатите. Редовно нагласуваше дека да се биде конзервативец во Холивуд е полошо од било кој друг грев.

„Ми забележуваат што отворено ги изнесувам своите политички уверувања. Но, тоа не беше отсекогаш така. Им се допаѓав кога 2008 и 2012 година гласав за Обама, за потоа да го променам мислењето и 2016 година јавно да се спротиставам на кандидатурата на Хилари Клинтон. Платив висока цена поради тоа. Многу познати личности ме следеа на „Твитер“, а сега ме следат само тројца од нив. Останав и без улоги. А, истата личност сум“, се пожали таа во едно интервју.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Следни Објави

Луѓето се во шок што оваа девојка мачка по лицето: Се шири одвратен тренд, мислат дека кожата ќе им блесне (ВИДЕО)

Дерматолозите се во шок, појаснуваат зошто ова никако не треба да го правите Нов бизарен тренд се споделува на социјалните мрежи. Девојки на „Тик Ток“ почнаа масовно да споделуваат совети за нанесување менструална крв на лицето како маска, притоа нагласувајќи дека тоа е „кул“ и дека кожата им е мека […]