fbpx

Жена го дала синот на посвојување: Се шокирала кога по седум години прашала за него

Животот не бил лесен за Крис Смит. Детството го поминала од едно во друго старателско семејство. Била злоставувана и запоставувана, па воопшто не е чудно што побегнала од домот во кој што била сместена на само 14 години.

А, кога ќе донесете таква одлука кога се’ уште сте практично дете, следуваат бројни искушенија и предизвици. Од лоши врски до спиење на улица и питачење. Кога имала 17 години, Крис го родила синот Метју.

Откако се породила, се вселила кај еден човек кој имал проблем со алкохолот. И покрај постојаните конфликти, се обидела да го одржи нејзиното мало семејство. Потоа повторно останала бремена, но нејзината ќерка починала само неколку дена по раѓањето. Погребот бил одржан на денот кога Метју наполнил три години.

„Морав да го славам денот на раѓањето на едното дете и да тагувам за другото. Тоа ме скрши“, вели Крис.

По трагедијата се одлучила за потег кој засекогаш ќе ја промени. На синот не била во можност да му обезбеди достоен живот, па го дала на посвојување. Тој имал 3,5, а таа 21 година. Сметала дека ја носи вистинската одлука.

Во тоа време се разишла и со партнерот. Следните седум години ѝ биле кошмар. Често била без покрив над главата и, како што објаснува, била очајна.

Потоа се’ се променило. Крис конечно собрала храброст да аплицира за работа. Се пријавила во еден ресторан, сопственикот видел нешто во неа и одлучил да ѝ даде шанса. Конечно застанала на нозе финансиски, а бргу по вработувањето запознала и ново момче.

Џо бил внимателен со неа, конечно почувствувала вистинска љубов. Двојката наскоро се венчала. А нејзиното дете? Цело време мислела на Метју. Сопругот ја натерал да се обрати во социјално и да се распраша за својот син.

Тоа што го дознала, воопшто не го очекувала. За сите седум години откако го оставила во дом, никој не го посвоил. Сите тие седум години додека таа секојдневно плачела над неговата фотографија, тој бил во истата институција каде и што го оставила.

Веднаш отпатувала таму и следувала вистинска потресна сцена за сите присутни. Социјалните работници ретко се сведоци на вакви случаи. Сега конечно можела да биде со своето чедо, да го држи во прегратка, да расте со него и да си вети дека никогаш повеќе нема да го напушти.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Дете загина во Козле: Случајни минувачи сведочат за трагедијата

Скопје во солзи На улицата Козле во истоимената населба во Скопје се случи тешка несреќа меѓу две возила и скутер. Според информациите на МВР, сообраќајката била помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) […]