fbpx

Дете загина во Козле: Случајни минувачи сведочат за трагедијата

Скопје во солзи

На улицата Козле во истоимената населба во Скопје се случи тешка несреќа меѓу две возила и скутер.

Според информациите на МВР, сообраќајката била помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Како што информира МВР во несреќата, од здобиените повреди на местото починало 14-годишното момче, а смрт констатирала екипа од брзата помош.

„Јас само чекав автобус и слушнав огромен тресок не знаев дали нешто паднало но набрзо слушнав звук од кола , брза помош , милиција, и одма занев дека не е нешто како што треба. Потоа автобусот дојде мораше назад да се враќа не сопреа и кажаа дека се има случено голема сообраќајка“, сведочи случаен минувач за „Канал 5“.

Информации за тоа како се случила оваа трагедија засега нема. Деталите за страотната несреќа ќе треба да ги покаже истрагата на јавното обвинителство.

Според нефоцијалните информации, починатото момче носело кацига.

Фото: Принтскрин/Република

Следни Објави

Оружјето пронајдено до Јанеска било на нејзиното момче: Нови шокантни детали за смртта на македонската инфлуенсерка

Неочекуван пресврт Пиштолот со кој ѝ е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка и претприемачка Маја Јанеска бил во сопственост на нејзиното момче, утврдила истрагата, информираат јужноафриканските медиуми. Нејзиниот паретнер, милионерот Кајл Филипс кој е ко-директор на компанија за цигари, допрва треба да даде изјава во полицијата. Според порталот […]