fbpx

Исцелителна моќ која трае: Житие на Свети Климент Охридски Чудотворец

Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.

Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

Свети Климент архиепископот Охридски, е ученик на светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент, под притисок на Германите, тргнал од Моравија на југ. Со Горазда, Наума, Сава и Ангеларија – сите заедно наречени „Петточисленици“ го поминал Дунав, како гостин останал кај царот Борис Михаил и потоа дошол во охридскиот крај. Првин основал манастир во Белица, каде што му било и неговото прво епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид, од каде што развил голема архипастирска и просветителска дејност за сета блиска и далечна околија.

Во Охрид свети Климент изградил црква посветена на свети Пантелејмон. Имал многу ученици, кои препишувале книги со словенско писмо за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагал свети Наум.

Правел чуда и за време на животот, како што неговите мошти пројавуваат исцелителна моќ до ден денес. По големиот труд и вечерната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид во 916 година.

Неговите чудотворни мошти се наоѓаа долги години во црквата света Богородица Перивлепта од каде што свечено беа пренесени во новоизградениот храм на свети Пантелејмон и свети Климент на Плаошник, којшто е подигнат врз старите темели на од него изградената црква.

По неговите свети молитви Господ да нè помилува и спаси. Амин!

Следни Објави

„Камен пијан“ на гробишта: Ова ли е поп, роднините на покојникот во шок (ВИДЕО)

Неименуван свештеник од парохијата Св. Максимилијан предизвика сериозен скандал за време на погреб. На вечните почивалишта се појавил прилично пијан, а алкохолот можеле да го намирисаат сите кои стоеле во негова непосредна близина. Останатите забележале дека нешто не е во ред, откако почнало да му се плетка јазикот и да […]