fbpx

Оружјето пронајдено до Јанеска било на нејзиното момче: Нови шокантни детали за смртта на македонската инфлуенсерка

Неочекуван пресврт

Пиштолот со кој ѝ е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка и претприемачка Маја Јанеска бил во сопственост на нејзиното момче, утврдила истрагата, информираат јужноафриканските медиуми.

Нејзиниот паретнер, милионерот Кајл Филипс кој е ко-директор на компанија за цигари, допрва треба да даде изјава во полицијата. Според порталот „Њуз 24“ наводно одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска и додека разговарале за понатамошните чекори тој буквално „се опколил со своите телохранители“. Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.

Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за истиот медиум раскажуваат дека не веруваат оти таа сама би си го одзела животот.

„Само што се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Оствари добра комуникација со министри во земјата и директори. Го сакаше животот и не можам да разберам зошто некој би ѝ наштетил на било кој начин“, објаснува Ива Ристиќ, блиска пријателка на покојната.

Роднина на починатата, кој побара да остане анонимен, изјави дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.

„Нашите телефони не престанаа да ѕвонат. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува“, изјави тој непосредно по трагедијата.

Тој открива и дека Маја понекогаш се плашела за својот живот.

„Нејзиното момче работеше со луѓе од кои таа се плашеше.. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме“, завршува тој.

Која всушност беше Маја која на социјалните мрежи имаше над милион следбеници, често го покажуваше својот луксузен животен стил и редовно се фотографираше со ВИП-личности, прочитајте ОВДЕ!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Исцелителна моќ која трае: Житие на Свети Климент Охридски Чудотворец

Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Свети Климент архиепископот Охридски, е […]