fbpx

„Камен пијан“ на гробишта: Ова ли е поп, роднините на покојникот во шок (ВИДЕО)

Неименуван свештеник од парохијата Св. Максимилијан предизвика сериозен скандал за време на погреб.

На вечните почивалишта се појавил прилично пијан, а алкохолот можеле да го намирисаат сите кои стоеле во негова непосредна близина.

Останатите забележале дека нешто не е во ред, откако почнало да му се плетка јазикот и да мрмори, а откако конечно изгубил рамнотежа и паднал пред гробот на покојникот, ожалостените го зеле под рака и го изнеле настрана.

Семејството на починатиот веднаш го пријавила инцидентот, а кога видеото стигнало до полските медиуми реагирал и портпаролот на надбискупијата во Гдањск кој изјавил дека свештеникот е упатен на лекување.

На семејството им било испратено извинување, но тие се заканија со тужба.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Најсакан, незаменлив.. Македонија тагува, трогателни посвети за Филипов

Нека му е светол патот! Шок и неверување, почина познатиот македонски ветеринар, д-р Спирко Филипов. Тажната вест попладнево беше објавена на фејсбук-профилот на Ветеринарна станица Виница кадешто беше управител. „Почитувани клиенти и пријатели, со голема болка и тага ви соопштуваме дека нашиот НАЈСАКАН, НАЈПОЧИТУВАН, НАЈЦЕНЕТ И НЕЗАМЕНЛИВ ДИРЕКТОР по кратко […]