fbpx

Тажна ги затворам очите: Пејачката неутешна по смртта на синот, трогателно простување со чедото

Ова е веројатно најтешкиот период во турбулентниот живот на легендарната пејачка

На 62 години почина Рони Тарнер, синот на музичката дива Тина Тарнер.

Тој беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес по неколкугодишна битка со рак.

Во Холивуд се прослави по впечатливиот перформанс во филмот „Што љубовта има со тоа“.

По смртта на своето чедо, пејачката конечно се огласи на „Инстаграм“.

„Рони, прерано го напушти овој свет. Тажна ги затворам очите и мислам на тебе, мој најсакан синко“, напиша таа на профилот.

Пред четири години таа се соочи со уште една семејна трагедија кога се самоуби нејзиниот најстар син.

„Имаше 59 години кога трагично почина, но тој секогаш ќе биде мое дете“, изјави Тина Тарнер подоцна во едно интервју.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија тагува, сите се простуваат од Илија: Беше единствен!

Тажна вест Почина познатиот македонски угостител Илија Фармаковски. Охриѓани со емотивни посвети се простуваат од него. -Фармак беше урбана легенда, беше единствен! Потекнуваше од стара угостителска фамилија и беше сопственик на еден од првите приватни ресторани во Охрид. Живееше за спортот и беше еден од основачите на навивачката група „Рибари“-коментираат […]