fbpx

Лепенките на бананите не се ставени случајно: Кога ќе слушнете што означуваат, секогаш ќе ги проверувате

Еден број на нив е особено важен

Сигурно сте забележале дека на бананите, но и на другите овошки често им се ставаат лепенки на нивната кора. Генерално, луѓето ги тргнуваат пред да ги јадат, но никој не обраќа премногу внимание на нив, а за повеќето тоа е само обично име на производителот.

Сепак, тие можат да носат важна порака! Освен името на произведителот, на декларациите според правилниците за квалитет, би требало да се наведени броеви кои пред се’ откриваат на кој начин тоа овошје е всушност посеено.

Четири броеви на лепенката

Доколку на декларацијата покрај името се наведени и четири броеви кои почнуваат со 3 или 4, треба да имате в предвид дека тоа е банана (или друг вид намирница) одгледувана со вештачко ѓубре. Така на пример, лимунот е означен со 4033, додека бананите имаат броеви 4011.

Пет броеви

Ако на намирницата има декларација со пет броеви од кои првиот е бројот 9, треба да знаете дека истата е од органско потекло, поточно дека не е прскана со пестициди.

Првиот број е Осум

Почетниот број 8 на декларацијата ви испраќа многу вознемирувачка порака, а тоа е дека таквата намирница е гентески модифицирана (ГМО). Таквите банани имаат лепенки со бројот 84011.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија! Македонија плаче, Ристески е пронајден мртов

Тажна вест ги вознемири македонските граѓани Бране Ристески од Македонски брод е пронајден починат, пишува „Порта“. Пред една недела локалните медиуми јавија дека е исчезнат, а фамилијата и неговите сограѓани молеа за било каква помош и информација. За жал, се случи најлошото, информира истиот портал. Засега нема информации ниту за […]