fbpx

Естрадата во солзи, пронајден мртов познатиот пејач: Една работа ги вознемири сите!

Беше голема музичка ѕвезда во деведесеттите години на минатиот век

Познатиот пејач имаше само 45 години кога почина во својот стан, а неговата смрт и по две децении се’ уште е мистерија. Се зборуваше дека Роѓа Раичевиќ починал од предозирање со метамфетамин и хероин, но тоа никогаш официјално не беше потврдено. Претходниот ден наводно го поминал со својата девојка.

Фановите се’ уште зборуваат и за фамозниот куфер кој по трагедијата беше затекнат во ходникот на зградата во која живееше естрадниот уметник. Се погласни се муабетите дека токму од него е украдена тетратка со необјавени песни на пејачот. Наводно, познат српски пејач подоцна си ги присвоил потпишувајќи се како автор на тие дела. Ова го тврдеше и Билјана Вујовиќ, текстописец на бројни хитови која го познавала Раичевиќ.

„Многумина се вмешани во оваа приказна. Слушнав дека по смртта на Роѓа тетратката ја земал негов пријател и колега со кој бил близок. Прво се сомневав дека ова е точно, но подоцна се уверив дека е вистина. Тој, во тоа време едвај познат пејач, интензивно почнува да снима албуми на кои се сите тие хит-песни. Тој се проби и денеска е многу почитуван. Кариерата ја изгради на грбот на Раичевиќ и жалам што тоа нема никогаш да се дознае. Не можам да ви го кажам неговото име, не сакам да имам проблеми. Сепак, тоа се шпекулации“, раскажа Билјана.

Следни Објави

Маж ѝ исчезна во војната, по 68 години ја откри ПОТРЕСНАТА вистина: Можеше само да заплаче (ВИДЕО)

Пеги Харис од Тексас се омажила далечната 1944 година за својот избраник Били. Во бракот уживале само шест недели, пред нејзиниот сакан како пилот да биде регрутиран во армијата и да замине во Нормандија. Младата Пеги го испратила сопругот со надеж дека ќе ѝ се врати. Но, телеграма никогаш не […]