fbpx

Последен поздрав: Владо Јаневски скршен по смртта на Маја

Не стивнуваат реакциите по прераната смрт на популарната македонска шминкерка, инфлуенсерка и претприемачка Маја Јанеска.

Атрактивната девојка по потекло од Охрид на социјалните мрежи имаше над милион следбеници, често го покажуваше својот луксузен животен стил и редовно се фотографираше со познати личности.

Сега се огласи и нашиот популарен кантавтор Владо Јаневски кој, според видеото што го објави на „Инстаграм“, очигледно ѝ бил близок пријател.

„Кој не ја познавал, тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“, напиша тој на социјалните мрежи.

Порталот „Њуз 24“ пред една недела напиша дека Маја била пронајдена со прострелна рана во главата. Tаа била во врска со милионерот Кајл Филипс, ко-директор на компанија за цигари, а во моментот на трагедијата нејзиното момче било во домот.

Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за истиот медиум раскажуваат дека не веруваат оти таа сама би си го одзела животот.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Александар си ја убил сопругата, пола година лажел дека е жива: Го издале ситни детали

Александар Попов, заменик шеф на одделението во московското метро, на 30 јануари признал дека си ја убил жената. Иако ѝ пресудил уште пред шест месеци, дури дваесетина дена пред да го признае злосторството пријавил дека неговата сопруга е исчезната. Тој на 10 јануари годинава испратил соопштение до Министерството за надворешни […]