fbpx

Маж ѝ исчезна во војната, по 68 години ја откри ПОТРЕСНАТА вистина: Можеше само да заплаче (ВИДЕО)

Пеги Харис од Тексас се омажила далечната 1944 година за својот избраник Били. Во бракот уживале само шест недели, пред нејзиниот сакан како пилот да биде регрутиран во армијата и да замине во Нормандија.

Младата Пеги го испратила сопругот со надеж дека ќе ѝ се врати. Но, телеграма никогаш не добила, а од него немало ни трага, ни глас. Никој не ја информирал што се случува, а нејзиното исчекување траело цели 68 години.

На почетокот се водел како исчезнат, за подоцна Пеги да добие писмо дека е убиен и погребан. Потоа оваа жена добила уште едно писмено известување дека на тоа место можеби и воопшто не се неговите посмртни останки.

По бројни неуспешни обиди да добие било каква релевантна информација од американската администрација, нивен роднина кој имал увид во војничката евиденција, конечно го пронашол Били. Неколку војници кои се воделе како исчезнати биле погребани во Франција. Токму овде се криел одговорот на мистеријата сите овие скоро седум децении. Од тој момент, Пеги десетпати во годината праќа цвеќе на неговиот гроб.

„За неговиот роденден, за годишнината од венчавката, за Божик и на уште неколку важни датуми. Кога луѓето размислуваат за крајот, сфаќаат дека не поминале низ нешто вакво“, вели Пеги.

Времето кое го поминува на неговото вечно почивалиште за неа е драгоцено, иако само шест недели биле во брак.

Сепак, вистинското изненадување ѝ се случило многу подоцна откако дознала дека маж ѝ е мртов.

Во едно мало нормандиско село Ла Вант постои улица Били Харис на која трипати годишно се организира прошетка во негова чест и тоа во последните 60 години! Причината за тоа е урнатиот авион кој се срушил токму на ова место, додека тој успеал да одржи контрола над леталото за да не се урне директно во селото и така избегнал цивилни жртви. Оттогаш, народот овде го смета за херој..

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мој драг, прерано нè напушти: Македонија тагува, трогателни посвети

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на Ристо Масев-Ичо, член на СДСМ и поранешен пратеник во македонското Собрание од Струмица.  Роднини и пријатели со трогателни посвети се простуваат од него. Се огласи и Сефер Цаноски, директорот на ФОН. „Прерано не’ напушти мој драг Ичо. Фамилија Масеви загубија одличен […]