fbpx

Имам оштетувања во мозокот, не знам уште колку време ми останува: Потресно сведоштво на познатата пејачка

Вели дека го живее деветтиот живот

Популарната пејачка Деми Ловато (30) во документарецот „Танц со ѓаволот“ призна дека имала три мозочни удари и инфаркт.

Американските медиуми почнаа симболично да ја нарекуваат мачка, откако одлучи да си ја отвори душата.

– Го живеам деветтиот живот. Имам оштетувања во мозокот и се борам со последиците. Не возам автомобил бидејќи имам проблеми со видот. Но, упорна сум и подготвена сум повторно да се занимавам со тоа што го сакам, а тоа е музиката – порача Ловато.

Во документарецот се зборува за нејзините напори да се избори со „демоните“, а во истиот гостуваат и нејзините славни пријатели Елтон Џон и Кристина Агилера.

– Поминаа три години откако се соочив со најтемната страна на животот. Не знам уште колку време ми преостанува на овој свет, ама подготвена сум да се соочам со предизвиците – изјави пејачката.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шок! Се самоуби познатиот водител: Излегол од дома и исчезнал, сопругата откри сè 

Пред пет месеци светскиот шоубизнис го потресе трагична вест-самоубиството на Стивен Твич Бос (40), популарниот диџеј, танчар и водител кој со години беше заштитно лице во мегапопуларното шоу на Елен Деџенерис. Американските медиуми јавија дека потрагата по Бос почнала во истиот момент кога неговата сопруга Алисон Холкер се појавила во […]