fbpx

Замина на „ремонт“ во Турција, па покажа како изгледа: Коментарите се немилосрдни (ВИДЕО)

Има бројни естетски зафати, а само 22 години

Млада инфлуенсерка ја разбранува јавноста откако одлучи повторно да легне под нож.

Мејзи Едвардс е 22-годишна Британка на која естетската медицина ѝ е слабост и која постојано сака да си го „подобрува“ изгледот.

Неодамна замина во Турција за да го оперира носот, а целиот процес одлучи да го сподели со своите следбеници на „Тик Ток“.

Сепак, наместо поддршка, од повеќето корисници на социјалните мрежи доби осуда. Коментарите се немилосрдни. Многу луѓе сметаат дека сега изгледа полошо од претходно.

„Очигледно оваа млада жена не умее да се носи со притисокот на јавноста, па постојано ги брише негативните коментари под видеото. А, се прави силна и глуми некоја голема ѕвезда“, е само еден од многуте негативни коментари.

Инаку, оваа девојка од Ливерпул неодамна се пофали дека досега потрошила околу 10.000 евра на третмани за разубавување.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имам оштетувања во мозокот, не знам уште колку време ми останува: Потресно сведоштво на познатата пејачка

Вели дека го живее деветтиот живот Популарната пејачка Деми Ловато (30) во документарецот „Танц со ѓаволот“ призна дека имала три мозочни удари и инфаркт. Американските медиуми почнаа симболично да ја нарекуваат мачка, откако одлучи да си ја отвори душата. – Го живеам деветтиот живот. Имам оштетувања во мозокот и се […]