fbpx

Ужасен ден, почина еден од најдобрите: Нека ти е светол патот, мајсторе!

Легендарниот фудбалер ја загуби битката со леукемијата

По долго и тешко боледување почина Синиша Михајловиќ, еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, а подоцна и тренер. Имаше само 53 години.

Според последните информации, починал во болница во Италија опкружен со семејството. Здравствената состојба рапидно му се влошила пред неколку дена.

Михајловиќ е роден на 20. февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во локалното Борово, каде што ја започнал кариерата во 1986 година. Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.

По две сезони минати на „Маракана“, се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Беше специјалист за слободни удари и пенали, а важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдороја, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Скршена од болка, поранешната бинго-девојка се огласи по подолго време

Натали Грубовиќ сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Некогашната бинго-девојка и поранешна манекенка и водителка со кратка трогателна посвета се прости од татка си, прим. д-р Милош Грубовиќ, еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во Македонија и основоположник на доброволното крводарителство. „Збогум најмил татице“, стои во објавата […]