fbpx

Се заканија со тужби, Канал 5 го прекина молкот: Еве зошто не гледаме „Ѕвездите на Гранд“

Првиот човек на телевизијата Канал 5, Иван Мирчевски, го прекина молкот.

Тој конечно откри дали мегапопуларните ТВ-шоуа „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“ ќе продолжат да се емитуваат кај нас, а најави и тужби.

„Ѕвездите на Гранд” е еден поголем проект со Гранд продукција во Србија каде што тие први ни го раскинуваат договорот, нелегално и безправно без да почитуваат ниту една точна од истиот, што значи дека од формален аспект за нас е валиден тој заеднички потпишан договор. Причината за тоа е следна, ние нив ги фативме како нелегално ја ре-емитуваат програмата на Канал 5 тв надвор од Македонија, меѓу кои и нивната сопствена програма која што пак во договорот со нас ни забрануваат да ја емитуваме надвор од Македонија. Што е правна нелогика. Јас лично им пишав дека вака не иде, а тие си молчеа. Ние од Канал 5 ги снимавме со нотарски записи и имаме 21 нотарски запис со помош на Ви-Пи-Ен од 21 европска земја, Америка, Австралија, Франција, Германија… каде што ги ре-емитуваат не само Канал 5, туку ги ре-емитуваат и сите останати македонски национални телевизии со кои што воопшто немаат договор”, објаснува Мирчевски за порталот „Музика24“.

Меѓу другото, Мирчевски откива дека наскоро емисиите на Гранд продукција ќе се емитуваат на друга национална телевизија, но како што вели тој таа телевизија е веќе предупредена, бидејќи во веќе споменатите емисии учествуваат македонски изведувачи кои веќе потпишале договор дека ќе се емитуваат на Канал 5. Доколку тоа се случи, веи дека ќе следат кривични пријави.

„Тотал тв платформата во Македонија речиси секому позната добива конкуренција од српски телеком тука кај нас познати како М-Тел. М-Тел на нас националните телевизии во Македонија почнува да ни плаќа за тоа што го пренесува нашиот сигнал, за што и сме се бореле како што е и впрочем насекаде низ Европа. Законот за заштита од конкуренција вели ако некому си му дал едни услови во овој случај на М-Тел да ти плаќа, мораш на конкуренцијата негова, а тоа е Тотал тв, да му кажеш дека и тој мора да ти плаќа за истата услуга. Тоа им го даваме, им даваме рок од 6 месеци да почнат да плаќаат и им велиме дека не можеме повеќе да работиме со нив бидејќи Вашата конкуренција која што ни плаќа ќе не тужи и ќе изгубиме големи пари. И поради тоа им го раскинавме договорот на Тотал тв (чии сопственици се истите сопственици на Гранд продукција) каде Канал 5 веќе не се емитува. И ние без никакво известување, иако во договорот пишува дека ако постои проблем помеѓу двете компании Гранд продукција и Канал 5 телевизија мора да има 10 дена претходно написмено дека таа и таа страна мора да си ги корегира тие и тие пропусти. Ние од Канал 5 немавме никакви пропусти, но тие сами го раскинаа договорот и тоа е тоа”, завршува тој.

Следни Објави

Трагедија во Велес: Загина дете (11), мајката е тешко повредена

Тажна вест вечерва ги вознемири македонските граѓани Тешка сообраќајна несреќа се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов во Велес. Според првичните информации возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата. Неофицијално на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната […]