fbpx

Проклетници! Статус за починатото девојче во Велес ги крена сите на нозе

Трагична вест за Велес. 11 годишно девојче, соученичка на внук ми, заедно со мајка ѝ биле прегазени на пешачки премин вчеравечер. Возачот избегал.

На истиот пешачки минуваат стотици деца секој ден, се наоѓа пред најголемото училиште во градот. На тој пешачки минуваме со Натан секој ден, зашто и градинката е тука. Не памтам колку пати и нас ќе нè собереле на истото место. Не памтам колку сообраќајки се случиле и колку луѓе веќе биле повредени таму, колку коли и мотори биле искршени, оти тоа е писта за трки, посебно летно време.

Виновници за оваа трагедија, покрај главниот и очигледниот, има повеќе.

Виновни се сите судии проклетници, кои за вакви случаи доделуваат минимални, скоро никакви казни.

Виновни се сите адвокати проклетници, кои за пари застапуваат вакви очигледни убијци.

Виновни се сите политичари проклетници, кои упорно одбиваат да ги променат законите, за тие да предвидуваат долгогодишни и доживотни казни затвор.

Виновни се сите полицајци проклетници, кои не казнуваат луѓе што беснеат со коли и мотори, само затоа што ги познаваат или некој ќе им сврти телефон.

Бес и револт кон проклетникот: Трогателни пораки за прегазената Магдалена (ФОТО)

Виновни се сите проклетници во комисии за полагање што даваат возачки за еден ручек.

Виновни се сите родители проклетници што купуваат бесни коли и мотори на нивните невоспитани и збеснати дечишта.

Виновни се сите проклетници што седнуваат зад волан пијани и нашмркани, па колата повеќе не е превозно средство, туку алатка за покажување и докажување на своето безумие.

И не, зборот проклетници не е тежок збор, туку најсоодветниот збор да се опише некој што (ин)директно учествува во одземањето на најголемиот благослов на Земјата – детскиот живот.

Сочувство за семејството, одговорност и казна за извршителот, институционална реакција и промена – ВЕДНАШ!

Фејсбук-статус на Филип Иванов, пастор на Евангелска црква во Велес

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Им помогна на многу луѓе: Почина познатиот македонски бизнисмен

Огромна тага, нека му е светол патот Почина Ефтим Исиров, бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“. Тажната вест ја сподели поранешниот советник на премиерот Зоран Заев и бизнисмен, Александар Ружин. „Последен поздрав до господинот Ефтим Исиров-големиот пријател на семејство Ружин, бизнисмен и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“. Човек […]