fbpx

Мистериозен повик: Нови шокантни детали за смртта на синот на Марина Туцаковиќ

Милан Радуловиќ-Лаќа (36), синот на покојната легендарна текстописка Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина денес.

Сега се откриени нови детали за смртта на познатиот естраден уметник.

Како што српски „Курир“ неофицијално дознава од Министерството за надворешни работи, пријателот со кој Милан бил на патување во Израел пред три дена го пријавил неговото исчезнување. Бидејќи се работи за странски државјанин, во истрагата се вклучил и Интерпол кој денеска го информирал министерството дека телото на Радуловиќ било пронајдено на улица и дека во недела ќе биде транспортирано во Белград.

Блиски другари на Лаќа откриваат дека кога последен пат се слушнале им јавил дека планира да се врати дома за празникот Свети Никола. Наводно, непосредно пред трагедијата имал уште еден интересен повик кој засега останува мистерија.

Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот, почина лани на 67-годишна возраст. Се’ до нејзината смрт најголема болка ѝ остана синот Милош кој трагично го загуби животот на први декември 2008 година.

Таа го затекна безживотното тело на своето чедо во семејната куќа во центарот на Белград и таа слика, како што самата призна подоцна, вечно ѝ остана врежана во сеќавањата. Туцаковиќ со години молчеше за семејната трагедија.

За жал, сега и нејзиниот друг син го снајде истата судбина.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува, почина младиот Дарко: Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

Нова трагедија ја потресе македонската јавност. Тажната вест ја споделија навивачите од „Комити Скопје“. Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално. Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски-Смок. Не постои утеха која може да ја смири болката […]