fbpx

Страшно! Ја киднапираат среде бел ден, полицајците само мирно набљудуваат (ВИДЕО)

Случајни минувачи се обидуваат да помогнат, летаат шамари..

Луѓе кои случајно се нашле на автобуска станица доживеале вистинска драма.

Неименувана 32-годишна девојка била киднапирана во саботата среде бел ден пред затворот „Стенли“ во Хонг Конг, а спасена е 15 минути подоцна откако полицијата добила информација за возилото кое требала да го пресретне и за рутата по која се движи.

Има и снимка на која се гледа како случајните минувачи се обидуваат да ја спасат жената, но за возврат добиваат неколку сериозни удари од киднаперите. Јавноста е дополнително шокирана од фактот што јасно се гледа дека нема никаква сериозна реакција од присутните затворски чувари.

Уапсени се четири лица, меѓу кои и 16-годишна тинејџерка, а весникот South China Morning Post го објави мотивот за киднапирањето.

„Дознаваме дека жртвата и четворицата уапсени се познаваат повеќе од една година и дека причината за инцидентот е меѓусебен финансиски спор“, изјави полицискиот инспектор Вонг Ју Фаи.

Жртвата се здобила со сериозни повреди на главата и на екстримитетите, а киднаперите се соочуваат со затворска казна до седум години.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Баба Милка (87) ја пратија кај внукот, дома се врати како друга жена

Се сеќавате ли на Милоратка од Ивањица која пред неколку години нејзиниот внук тотално ја трансформираше? Сега повторно го направи истото и ги воодушеви сите Александар Драмиќанин повторно направи нешто неверојатно-ја нашминка баба му Милоратка (87) и овојпат тоа изгледа неверојатно! Милка, како што од милост тој си ја вика, […]