fbpx

Ова е божиќно чудо! Тинејџери се изгубија на остров, полицијата не може да поверува како преживеале

Драма со среќен крај

Група тинејџери, две момчиња и две девојки на возраст од 18 и 19 години, се пронајдени на остров во југозападна Австралија.

Ноќта ја поминале на даски за сурфање на 40 километри од брегот и успеале да преживеат во „невозможни услови“, пишува британски „Гардијан“.

Полицијата овој случај го нарече „Божиќно чудо“. Според последните информации, тие имале две даски за веслање кога тргнале кон заливот Порт Филип пред да доживеат вистинска драма.

На островот пристигнале во два часот наутро. Поради ладното време се засолниле во една колиба. Следниот ден лутале очајни некој да им помогне, се’ додека на нивните работи не наишол случаен минувач на плажата. Набргу ги пронашла полицијата која ги префрлила в болница. За среќа, сите поминале без повреди.

„Вакви ситуации најчесто завршуваат трагично. Ова е божиќно чудо“, изјавил инспекторот Ијан Прегнел.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бабата од мајчина страна е најважна за детето: Еве зошто!

Генетска судбина Повеќе научни трудови покажале дека бабите од страната на мајката имаат најголемо влијание врз децата. Врската меѓу бабите и внуците е длабока и силна, тие ги учат на основните правила од животот и несебично го нудат своето внимание. Оваа врска се формира на генетско ниво, велат научниците. Стручњаците […]