fbpx

РЕЦЕПТ за највкусната новогодишна салата: „Снежна кралица“ за секоја пригода!

Состојки:

250гр ракчиња, 2 парчиња кашкавал, 6 варени јајца, 200 гр шунка, 1 помала главица кромид, 1 јаболко, 100гр кикирики, 350мл мајонез, 2 лажички оцет, 1 лажичка шеќер, пола лажичка сол, 100гр ореви. 

Подготовка:

Кашкавалот ставете го во замрзнувач. Исецкајте го кромидот, додајте сол, шеќер и оцет. Прелијте со превриена вода и оставете да отстои 15 минути додека целосно не се олади. 

Ракчињата исецкајте ги на ситни коцкички, а потои и шунката, во посебни садови. Сварените јајца излупете ги и раздвојте ги жолчките од белките. Жолчката најситно изрендајте ја, а белката покрупно. 

Во шунката, ракчињата и жолчките додајте малку мајонез и убаво промешајте ја содржината на секој сад. 

Земете калап од 18см. Изрендајте го замрзнатиот кашкавал на крупно, ставете го на дното на калапот и тенко премачкајте го со мајонез. Потоа одозгора распоредете ги жолчките, а потоа кромидот. 

За следниот слој треба да ги нанесете исецканите ракчиња, а преку нив крупно изрендајте ја јаболката, потоа шунката. Следниот слој се крупно смелените ореви, а последниот слој, ренданата белка измешана со малку мајонез.

По желба украсете со листови магдонос, тргнете го обрачот од калапот и вашата салата е готова! 

Следни Објави

Прерано замина: Скршена од болка, македонската пејачка се огласи по подолго време

Тажна вест По подолго време се огласи познатата македонска пејачка Маја Вукичевиќ. Таа се прости од својот прерано починат другар од детството Никица Стојановски. „Почивај во мир Ники, прерано замина. Многу прекрасни сеќавања ме врзуваат за нашето безгрижно детство. Нашите родендени, брат ти Саше беше прв на 2-ри април, мојот […]