fbpx

Нови детали за трагедијата: Еве кое е починатото 16-годишно момче

Македонија тагува

Малолетникот на 16 години кој беше најден починат утрово околу седум часот бил од Ново Село, Општина Желино, информира СВР Тетово.

Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома.

-Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, Општина Желино. Неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 околу 16:00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки. Ноќеска околу 02:20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“-соопшти СВР Тетово.

На местото каде бил најден малолетникот смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

„Излеговме заедно со неговото семејство за да го побараме возилото кое го најдовме во близина на Бањиче. И од таа локација се префрливме да бараме во реката. Проверивме на сите страни, се знае дека ситуацијата горе е многу лоша има камења и карпи, дури сабајле се јавивме и информиравме дека го најдовме телото околу 6 часот и 45 минути. Потоа телото го извлековме од водата. Во овој период горе на Бањиче во реката Пена има многу вода, реално тешко беше да се извади телото, беа потребни многу пожарникари за да се вклучат за да го извадат телото“, раскажува Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово за „Слободен печат“.

Следни Објави

Операцијата ја чинеше живот: Познатата актерка почина на 32 години поради зафат што го имала пред една деценија

Конечно е соопштена вистинската причина за смртта на младата актерка и модел која почина на 32-годишна возраст. Ѕвездата на годинашниот кански лауреат „Триаголник на тагата“ почина ненадејно во август. Иако постоеше сомнеж дека причина за смртта на Шарлби Дин била вакцината против Ковид-19, нејзиниот брат Алекс Џејкобс за медиумите потврди […]